Калино модули
Што се Калино модули?
Секој модул на Калино обработува една тема што може да се истражува во домашни услови.
Модулите се надоврзуваат еден на друг, но претставуваат и самостојни целини што може да се користат независно од редоследот.
Наменети се за деца 5+, со насоки што овозможуваат активностите да се прилагодат според возраста и интересот на детето.
За кого се модулите?
Модулите се направени за деца 5+, но се прилагодени според возраста:
- 5-7 години: повеќе игра, набљудување и заедничка работа
- 7-8 години: повеќе размислување
- 8+ години: повеќе самостојност
Поимите се исти за сите, се менува само начинот на работа и улогата на возрасниот.
Што добивате во секој модул?
Во секој модул ќе најдете:
- кратки и јасни објаснувања
- едукативни картички за запознавање со поимите
- практични експерименти
- снимени видео записи за изведување на активностите
- главен проект
- прашања за разговор
- насоки за возрасните: како да помогнат, што да прашаат и кога да го остават детето да работи самостојно
Колку време трае еден модул?
Можете да ги работите во неколку пократки сесии или како активност за викенд.
Како да започнам?
Можете да започнете со модулот „Магијата на струјата“. Овој модул е вклучен и со MEL Science сетовите (вредност 520 ден).
Дали ќе има и други модули?
Во подготовка се уште три модули од областа на електроенергетиката, кои ќе се отклучуваат во зависност од интересот на заедницата. Доколку сметате дека содржината е корисна за вашето семејство, ќе ни биде драго да го продолжиме ова патување заедно. Вашата поддршка нѝ помага да создадеме уште многу нови модули.
Нашата визија е Калино да прерасне во СТЕМ програма што расте заедно со детето – од основи на струја и движење, енергија и одржливост, па сè до електроника, роботика и програмирање.

Магијата на струјата
Воведна тема што ги запознава децата со основните поими преку едноставни и безбедни експерименти во домашни услови.
520,00 ден

Движење и мотори
Оваа тема ги воведува децата во принципите на движење и претворање на електричната енергија во механичка.

Енергија
Го продлабочува знаењето и ги запознава децата со различните форми на енергија и начинот на нивно претворање.

Одржливост
Ги запознава децата со природните ресурси и одговорното користење на енергијата и материјалите.
