Магијата на струјата
Што е струја и како се создава светлина?
Со модулот „Магијата на струјата“, детето преку практични активности и игра се запознава со поимите струјата и струјно коло.
Што ќе изработите?
- едноставни и сложени струјни кола
- спроводлив пластелин
- честитка што свети


Што ќе научи детето?
- што е струја и како се движи
- што е поларитет
- што е струјно коло
- кои материјали спроведуваат струја
- како да експериментира и да носи заклучоци
Што содржи модулот?
- 16 едукативни картички
- практични експерименти со струјни кола
- мини лабораторија со предмети од домот
- активност за изработка на спроводлив пластелин
- главен проект: честитка што свети
- видео материјали со инструкции
- насоки за возрасните
Создаден за деца кои:
- сакаат да научат како функционира струјата во пракса
- уживаат во активности што бараат логичко размислување
- покажуваат интерес за наука и експериментирање
и за родители кои сакаат да овозможат квалитетно СТЕМ искуство во домашни услови.
Како се користи?
Модулот може да се работи во повеќе кратки сесии или како активност за викенд.
Активностите се прилагодени според возраста, со насоки за три возрасни групи:
- 5-7 години
- 7-8 години
- 8+ години










