За Нас
Создадено со љубов
Калино е создаден од инженер и родител со желба науката да стане природен и возбудлив дел од детството.
Учење преку игра
Со нашите СТЕМ активности, децата истражуваат, поставуваат прашања и учат преку практично искуство.
За целото семејство
Калино производите овозможуваат научните активности лесно да се пренесат и во домашни услови.
Растеме заедно
Калино е замислен како програма што расте со детето, од основни поими до електроника, роботика и програмирање.
Мисија
Нашата мисија е да им овозможиме на децата преку игра и експерименти да се сретнат со основните принципи на науката уште од најрана возраст. Создаваме средина во која децата прашуваат, истражуваат и самостојно доаѓаат до одговори.
Визија
Нашата визија е Калино да прерасне во СТЕМ програма што расте заедно со детето – од основи на струја и движење, до енергија и одржливост, па сè до електроника, роботика и програмирање. Секој нов модул се гради внимателно и со голема посветеност, во согласност со итнересот и поддршката од заедницата.
