Модул 1: Магијата на струјата
Добре дојдовте во првиот Калино модул: „Магијата на струјата“.
Прирачник за возрасните
Во прирачникот ќе најдете насоки за три возрасни групи кои ќе ви помогнат да ги организирате и прилагодите активностите според возраста и интересот на вашето дете.
Едукативни картички
Едукативните картички се наменети за заедничко учење. Тие содржат кратки објаснувања, прашања и предизвици што ќе му помогнат на вашето дете подобро да ги разбере поимите и активно да учествува во активноста.
Можете да ги користите за време на активностите, како краток вовед или како вежба за повторување на поимите.
Активности
1. Мојата прва светилка
Што е потребно за да светне светилката? Дали патеката е целосна?
Со оваа прва активност, детето ќе се сретне со поимите струја, струјно коло и батерија.
2. Предмети од домот
Кои предмети од домот спроведуваат струја? Дали лажицата е добар спроводник? А што ако е пластична?
Преку оваа забавна мини лабораторија, децата ќе експериментираат со различни предмети од домот и ќе добијат претстава за спроводливоста на различните материјали.
3. Една или повеќе патеки
Што ако поставиме повеќе сијалички на една патека? А ако додадеме повеќе патеки?
Детето ќе научи за сериско и паралелно струјно коло преку оваа активност што користи споредбена анализа за полесно разбирање на концептот.
4. Магичен пластелин
Што се јони? Како солта ѝ дава спроводливо својство на водата?
Веруваме дека со оваа активност ќе се забавувате и вие и детето.
5. Честитка што свети
Децата сакаат независност, па затоа модулот го завршуваме со еден „направи сам“ проект – роденденска честитка.
